Георгиев: Глигоров или Букефал заслужуваат државна награда?

Од:

СДСМ и опозицсикиот фронт предлагаат воведување на државна награда „Киро Глигоров“, на истакнати поедници и дела од особен интерес за Република Македонија. Наградата да се доделува на 8-ми септември

„Силни се политичките вредности на Киро Глигоров. Во ковањето на македонската државност, има три меѓници, Илинден 1903, антифашистичката борба и АСНОМ и 8-ми септември. Не Аминта III, не Букефал, туку ова се исторски меѓници, a во две, Глигоров беше активен учесник. Во секој ден од неговиот живот провејува Македонија и слободарскиот дух“, рече Гордан Георгиев.

„Терминот Македонија е антички термин. Оваа наша држава не се вика брсјачка република, туку античка Македонија. Македонија има повеќе милениумски континуитет, поврзаност со античкото и средновековното минато, со илинденскиот период и со антифашистичките придобивки. ВМРО-ДПМНЕ има позитивен пристап кон историската улога на Киро Глигоров. Но има многу луѓе кои по 1949 беа репресирани, како Ченто“, реплицираше Влатко Ѓорчев.

„Не можам да верувам што зборувате, појма немате што значи втемелување на државноста, зборувате со аргументи од детска градинка. На Букефал ли да му ја дадеме наградата 8-ми септември“, праша Георгиев.

„Дали сфаќате дека чувството на државност не се гради во ЦК на СДСМ, дека на сите ни припаѓа државата. Има луѓе во оваа држава кои го почитуваат Киро Глигоров, но има и кои го почитуваат и ликот и делото на Борис Сарафов, на Тодор Александов , на Лазар Колишевски“, рече Илија Димовски.

Митре Велјаноски им забележа зошто никој од Владата не дојдоа на погребот на Глигоров, а МТВ не емитуваше ни една емисија, а Александар Спасеновски одговори дека вината е кај семејството кое сакало скромен погреб.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги