Георгиев: „Детонатор“ е театар и фингирана акција

Од:

„Детонатор“ иако фингирана акција за правење театар, покажа дека на териоторијата на Република Македонија, институциите задолжени за борба против криминалот, не само што не го гонеле, туку и го заштитувале, прикривале и соработувале со истиот, изјави на прес конференција, потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

„20 од 24-те суспендирани инспектори се вратени на работа, а за останатите 4 сеуште се води постапка за утврдување на нивната одговорност. Што значи тоа, дека по грешка биле суспендирани? Дека не се тие „директно или индиректно“ инволвирани во активности поврзани со „Детоанатор“? Ако не се тие, има некои други кои го штителе криминалот?“, праша Георгиев.

Целата операција „Детонатор“ беше еден обичен театар за на јавноста да и се прикаже наводна борба против криминалот и корупцијата. Како што почна, така и заврши, со политички театар во партиските лавиринти на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Реакција на ВМРО-ДМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го поздравува продолжението од реализацијата на акцијата Детонатор и го поздравува расчистувањето со секаков вид на криминал и корупција во Република Македонија. Повеќе од видеото.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?