За потребите на проектна документација за рехалибитација на патниот правец А-1 делница Миладиновци – Куманово во двата правци од 16.07.2013 година започна геодетско снимање на споменатиот патен правец, поради што се препорачува внимателно управување со возилата поради присуство на работници на споменатиот патен правец.
Според информација од Министерството за транспорт и врски, ве известуваме дека се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08 секоја тековна година.
Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација (табли).
На патните правци Гостивар – Охрид, Охрид – Ресен и Охрид – Свети Наум од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 – 24:00 часот, сабота и недела 07:00 – 24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година. На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.