ГДУ: Почитуван господине Спасовски, се надевам дека му ја предадовте оставката на премиерот Заев

Од:

Од ГДУ со писмено соопштение побараа оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Почитуван г. Спасовски
Се надеваме дека во овој момент му ја предадовте оставката на премиерот Заев поради морални причини.

Логично денеска сите си го поставуваат прашањето како поранешниот премиер со одземен пасош успеа да ја напушти Македонија? Додека зборувавте за зајакнато полициско присуство на излезот од Скопје и на граничните премини, Груевски се јави од Унгарија.

Освен Груевски избега и Јетон Љужа третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски –Саздо. МВР со денови молчеше и не кажуваше кој е третиот што учествувал во убиството на 21-годишното момче. Кога се одважи министерството предводено од Спасовски да го открие, тој веќе не беше во земјава.

Неодамна среде Скопје со испукани над 25 куршуми од калашников од возило во движење, две лица беа брутално убиени. МВР по повеќе од еден месец не успеа да открие кој пукаше од зелениот Ленд Ровер. Не се фатени ниту убијците на Дилавер Бојку и Мартин Јанушев.

Премиерот бездруго има сериозни проблеми со својот кабинет, козметичките рокади нема да бидат доволни“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

A1on

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати