Гази Баба: ВMРО-ДПМНЕ наместо да шири лаги, да се приклучи во проектите на Општината

Од:

„Општина Гази Габа најостро ги осудува шпекулациите изнесени од страна на Сашо Кутлешевски од ВМРО – ДПМНЕ, дека градоначалникот Борис Георгиевски се меша во работата на директорите на основните училишта.

Георгиевски, ниту се мешал, ниту ќе се меша во работата на директорите во образовниот систем, а најмалку во секторот за јавни набавки. ВМРО ДПМНЕ треба да знае дека заврши времето на договорени тендери во општина Гази Баба.
Жалиме што ВМРО – ДПМНЕ наместо да го поздрави градежниот бум во Гази Баба, ја замајуваат јавноста. Но граѓаните сепак на последните избори одбраа промени кои уште веднаш ги забележаа на терен секое населено место.

Затоа ги повикуваме советниците на ВМРО – ДПМНЕ наместо дас шират лаги, да се приклучи во проектите на Гази Баба кои побрзо ќе им овозможат подобар живот на сите граѓани.

Во меѓувреме, градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, постојано е на терен, меѓу граѓаните. Се гради плански, по приоритетите на граѓаните. Се работи на повеќе од 28 улици, кои се градат по план, со целосна канализациона, атмосферска и водоводна мрежа, со ширина по прописи и тротоари од двете страни. Еден од примерите по кои ќе се модернизираат улиците во Гази Баба е улица Товарник која доби сосема нов лик. Наместо тешко прооден пат, граѓаните добија урбана улица.

Се работи и на вакуум канализациона мрежа во Јурумлери, проект кој во минатите години беше тотално заборавен, се финализира плоштадот Коцка во Автокоманда, кој ќе биде нов урбан и модерен простор за жителите од сите возрасти и на многу други проекти кои во наредниот период ќе започнат да се реализираат“, се вели во реакцијата на Општина Гази Баба на прес-конференцијата на Сашо Кутлешовски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати