Гази Баба ќе субвенционира стерилизација на домашни миленици

Од:

Општина Гази Баба започна со реализација на нова мерка за граѓаните, а тоа е субвенционирање за стерилизација на домашни миленици.

Од општината информираат дека е објавен јавен повик на кој граѓаните ќе имаат можност да аплицираат и да добијат субвенција за стерилизацијата на домашните миленици во висина од 100%, но не повеќе од 6000 денари.

За новата мерка, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во своја објава на социјалните мрежи во која напиша:

Со задоволство сакам да објавам една нова мерка, а тоа е субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици.

Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок.

Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината.

Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност. – заклучи Стефковски.

Општина Гази Баба ги повикува граѓаните да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на субвенции.

Јавниот повик со условите е објавен на веб страната на општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Ќе се градат гробишта за миленици, се утврдуваат локации во општините

Стефковски: Општина Гази Баба треба да врати 127 милиони денари за Скопски саем

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба

Катерина Ѓуровски

Реакција од Општина Гази Баба на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Стефковски: Лага е дека советничката која ја напушти Левица е предмет на политички пазар

Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба