Гази Баба ги ослободува родителите од надомест за трошоци за во градинка за месеците во вонредната состојба

Од:

Општина Гази Баба ги ослободува родителите од надомест за трошоци за во градинка, од месец март па се додека трае вонредната состојба.

Откако претходно ова прашање беше усогласено помеѓу службите од општината и со директорите на градинките, вчера го изгласаа и советниците на Советот на општина Гази Баба.

Со тоа, родителите нема да ги плаќаат сметките за надомест на трошоци од 1 март и се додека не заврши вонредната состојба. Оние родители кои што имаат платено сметка за деновите од март додека не беше прогласена вонредна состојба, ќе им бидат одбиени во наредната сметка која ќе треба да ја платат, информираат од Општината.

– Со овој чекор уште еднаш покажуваме дека интересите на граѓаните ни се најважни, особено во ваква ситуација кога целата земја а и светот се соочуваат со пандемија од вирусот Ковид 19, велат од Општина Гази Баба и потенцираат дека и понатаму ќе се грижат за најмладите, за обезбедување на соодветни услови за нивно згрижување во воспитно – образовните установи, за непречено растење и развивање во претшколската возраст

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица