Гази Баба, Центар и Аеродром најпогодени од невремето

Од:

Општините Гази Баба, Центар и Аеродром се најпогодени од синоќешното невреме што го зафати главниот град. Ова денеска го истакна скопскиот градоначалник Коце Трајановски по итната седница на Координативното тело на градоначалниците на скопските општини.

– Екипите на Град Скопје, на сите јавни градски претпријатија, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за транспорт и врски, работеа до раните утрински часови за да се отстрани насобраната вода на критичните точки и да се овозможи нормален проток на сообраќајот, рече Трајановски.

Информира дека досега штети пријавиле 90 граѓани, со кои било контактирано синоќа и денеска.

– Во пресрет на најавеното невреме за денеска со моите колеги градоначалници се договоривме сите скопски општини да ги активираат своите кризни штабови и да се вклучат во активностите за расчистување на евентуалните последици, рече Трајановски.

Тој појасни дека екипи на јавните претпријатија се веќе на терен и оти се подготвени да не дозволат насобраната вода да предизвика штети.
– Сметам дека сме подготвени да се справиме со последиците од евентуалното невреме, изјави по средбата Трајановски.

Потсети дека од поплавените подвозници, по синоќешното невреме се извлечени седум автомобили, кои им се предадени на сопствениците. Упати апел граѓаните да не фрлаат отпад во канализација за, како што рече, да се овозможи правилно функционирање на атмосферската канализација.

– Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ веќе прават анализи на кои критични точки треба итно да се зголеми профилот на атмосферската канализација за да се олесни протекувањето на водата по обилни дождови, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост