Сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на 10 години затвор за тешката автобуска несреќа кај Ласкарци, и денеска не се појави во затворот Идризово за да ја започне казната. Наместо тоа, тој бил хоспитализиран во Клиничката болница Тетово, каде денеска имал закажана операција на тестиси.
Белули поднел барање за одлагање, при што во образложението било наведено дека е примени во болница на 28 ноември поради здравствени проблеми.
Нов термин за започнување на казната е 17 декември.
Ова е трето по ред одложување на Белули поради здравствени причини.
Во меѓувреме, второобвинетиот Ремзи Мифтари, шеф на возниот парк на „Дурмо Турс“, е во бегство. Тој исто така побара одлагање на казната поради операција на кила, но потоа не се појави во Идризово, по што беше распишана потерница.
