Гаврилов утре во СРД, ако не го примат, ќе чека пред врата

Од:

Сопственикот на радиото Канал 77, Горан Гаврилов поднел барање за прием до Советот за радиодифузија во врска со одлуката за промена на сопственичката структура на неговиот медиум.

„Се уште не ми одговориле, а барам средба со сите членови на Советот. Таму сепак ќе одам утре изутрина со мојот адвокат, кој учествуваше во изработка на законот за радиодифузија. Доколку не бидам примен, ќе седам пред вратата и ќе ги чекам надвор“, изјави вечерва Гаврилов за А1.

Според него, не е можно правната служба да се изјасни дека законот е на негова страна, а членовите на СРД сепак да не го уважат мислењето на правниците во Советот. Гаврилов тврди дека целта е неговата сестра која е пратеник да поднесе оставка во парламентот, како услов тој да го задржи медиумот.

Тој не знае како гласи вчерашната одлука на СРД и ја нема добиено, и затоа сака да добие објаснување од нив лично, а не да го упатуваат на законот за пристап до информации.

СРД уште пред шест месеци даде рок да се смени сопственичката структура кај сите медиуми согласно законот според кој  функционерите или членовите на  потесното семејство да не можат да  вршат радиодифузна дејност.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on