Гаши патувал на свадба во Косово со обезбедување, се било по протокол велат од неговиот кабинет

Од:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на свадба ов Косово патувал со обезбедување со кое е придружуван 24/7 како што налага законот велат во реакција од неговиот кабинет по објавите дека бил на свадба со службено возило.

– Со оглед на неточните и тенденциозни тврдења на одредени медиуми околу вчерашното патување на претседателот на Собранието, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста за следните факти:

– Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, како што е наложено со закон. Овој безбедносен детал функционира строго во законската рамка и ги следи сите протоколи што ги бара државата. Претседателот на Собранието на 17 август 2024 година, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури. Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата. Надлежните органи можат да ја потврдат оваа информација, дека сите постапки се во согласност со одговорностите и обврските на претседателот на Собранието, се вели во реакцијата од Кабинетот на Гаши.

Од Министерството за внатрешни работи, пак, за патувањето на Гаши со службено возило во Косово, информираат дека од нивните надлежни служби во тек се проверки за случајот.

-Во врска со случајот за кој прашувате, Ве известуваме дека од страна на надлежните служби во МВР се вршат соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба, по што соодветно ќе ја известиме јавноста, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Гаши: Интерпелацијата за Илире Даути по својата природа, не носи правни последици или ефекти

Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

На пленарна седница на 10 јануари треба да почне дебатата за интерпелациите за Меџити, Тошковски, Исени и Даути

Гаши: Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згреши ако ги разреши членовите на Судски совет избрани од Парламентот

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Африм Гаши – симбол на потчинетоста

Катерина Ѓуровски