Гаши: Комисијата за социјална политика ќе треба да одлучи за Законот за бранителите

Од:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека му е одземена можноста да свика седница на собраниска Комисија за која веќе била свикана. Потенцира дека останува во доменот на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади да одлучи за измените на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства.

-Мене ми е одземена можност да свикам седница која е веќе свикана во одреден ден кога се требало да се постапи по тоа прашање. Така да, тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади да одлучи за Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање дали претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Иљире Даути го прекршила Деловникот со тоа што не свикува седница со ова точка на дневен ред, Гаши рече дека тој како претседател на Собранието е обврзан да го применува Деновникот, а не да суди.

-Јас како претседател на Собранието сум обврзан да го применувам Деловниот, но не сум тој кој суди дали некој прекршил или не. Тоа останува веќе, тоа е простор за интерпретација на различен политички аспект, правен аспект итн. Секој како што го гледа тоа може да го оцени. Мислам дека тоа е веќе друго прашање, не можам јас да судам околу тоа, рече тој.

Гаши информира дека ќе свика седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, но не по вчерашното барање на потпретседателот на Собранието и пратеник од СДСМ Јован Митревски тој да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања да свика седница, каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3, односно да постапи на ист начин со законот за бранителите, како и во случајот со законот за здолжувањето со Унгарија.

-Според Деловникот, претседател на Собрание според член 26 став 4, може да свика по барање на потпретседателот избран од опозицијата. Но, секако знаете дека јас поодамна најавив дека за коализија помеѓу членови од Деловникот секогаш кога ќе се појават такви ситуации, ќе свикаме Комисија за деловнички имунитетни прашања. И тука во Комисијата, ако можеме јавноста и експертската јавност да ја вметнеме за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци со кои ќе се служат и актуелниот состав, но и во иднина другите собраниски состави, рече Гаши.

Би можело да ве интересира

Гаши: Интерпелацијата за Илире Даути по својата природа, не носи правни последици или ефекти

Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

На пленарна седница на 10 јануари треба да почне дебатата за интерпелациите за Меџити, Тошковски, Исени и Даути

Гаши: Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згреши ако ги разреши членовите на Судски совет избрани од Парламентот

Катерина Ѓуровски

Законот за бранителите повторно ја блокираше Комисијата за социјална политика