Гаши е пуштен од болница, најави дека се враќа на обврските

Од:

Претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на Фејсбук информира дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека се враќа на неговите јавни должности.

– Неколку дена по мојот престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денес се чувствувам добро и, откако беа извршени сите потребни прегледи, отпуштен сум од болница. Благодарение на Бога мојата здравствена состојба сега е стабилна, се вели во објавата.

Гаши упатува благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, до лекарите, медицинските сестри и до целиот здравствен персонал за нивниот професионалност, посветеност и хуманост.

– Исто така, од срце ви се заблагодарувам на сите вас, пријатели, колеги, сограѓани, претставници на институции и медиуми за убавите зборови, за бројните пораки и постојаниот интерес. Вашата грижа беше дополнителна сила за моето закрепнување.
Се враќам повторно на извршување на јавните должности, свесен за одговорностите што ги носам и исполнет со љубовта што ја добив, вели Гаши во објавата на Фејсбук.

Претходно, од Кабинетот на претседателот на Собранието информираа дека по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија, Гаши е пуштен на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за политички договор околу изборот на Народен правобранител

Гаши: Постапка за одземање имунитет може да почне само со официјално барање

Горан Наумовски

Гаши: Да инвестираме повеќе во образование, наука и толеранција

Горан Наумовски

Снопче бара од Гаши пред Нова Година да ги распише повторните избори во четирите општини

Предлог – буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

Катерина Ѓуровски

Гаши на средба со екс-претседатели на Собранието – предложено основање неформален совет