Гарет: Изборите се многу важни за Македонија и очекувам да се спроведат

Од:

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет денеска изјави дека изборите закажани за 11 декември се многу важни за земјата и очекува да бидат спроведени.

– Не би го искористил епитетот оптимист или песимист во врска со моите предвидувања за изборите, би рекол дека сум многу задоволен што се постигна договор. Онаа придавка што јас би ја искористил во врска со изборите закажани за 11 декември е дека се многу важни за Македонија и навистина мислам дека ќе се спроведат, рече Гарет на новинарско прашање дали е оптимист или песимист во врска со закажаните предвремени парламентарни избори.

Британскиот амбасадор Чарсл Гарет и министерот за правда Валдет Џафери денеска потпишаа потпишаа меморандум за соработка меѓу владите на Обединетото Кралство и Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада