Галетановски: Граѓаните на Скопје мрзнат – градската власт итно да преземе одговорност

Од:

Претседателот на градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галeтaновски, упати сериозни критики до градската власт поради хаосот во јавниот превоз во Скопје. Тој предупреди дека граѓаните се оставени на милост и немилост на лошото управување со ЈСП. „Граѓаните на Скопје мрзнат! Утрово се жалат дека повеќе од 40 минути чекале на автобусите со број 5 и 15. Ова е недозволиво,“ изјави Галeтaновски. Тој посочи дека и покрај вчерашните уверувања од Град Скопје дека ЈСП ќе вози со полн капацитет, ситуацијата денеска била уште полоша. „ЈСП сè уште е без нафта.

Претпријатието кое има проблем со автобуси и долгови, сè уште не обезбедило основни ресурси за нормално функционирање,“ додаде Галeтaновски, пренесувајќи ја загриженоста на синдикатот на ЈСП, кој оваа состојба ја нарече „голем срам за градот“.

Според Галeтaновски, ваквото управување не е само прашање на некомпетентност, туку и на целосна негрижа за потребите на скопјани. „Срам за Град Скопје и за оние што го водат!

Градот не е приватна фирма за експериментирање. Ако градоначалничката и Советот не можат да ја завршат својата работа, време е да си заминат,“ истакна тој.

Претседателот на градската организација на СДСМ повика на итни мерки за решавање на проблемите во јавниот превоз. „Потребно е итно решение за јавниот превоз на скопјани. Град Скопје заслужува подобро од ова,“ потенцира Галeтaновски.

СДСМ апелира до градските власти да преземат одговорност и веднаш да ги обезбедат потребните ресурси за нормално функционирање на јавниот превоз, бидејќи трпението на граѓаните е на граница.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ