Габриел: Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје

Од:

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел, која пристигна во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, изјави дека нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку станува збор за исполнување на вредностите на ЕУ, а историјата треба да им се остави на историчарите и да не се злоупотребува, политизира и радикализира.

– Нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Бугарија е земја членка на ЕУ и ги поддржува принципите и вредностите на ЕУ. Ако Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ, мора да покаже дека членството во ЕУ значи обврски и исполнети ветувања. Разбирањето во ЕУ е јасно – сакаме да покажеме дека мора да се почитуваат човековите права и принципите на ЕУ, истакна Габриел на синоќешното отворање на изложбата „Пловдив – град на мозаиците“ во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, осврнувајќи се историските прашања и несогласувања меѓу Софија и Скопје, Габриел истакна дека „историјата има свое значење и таа треба да биде предмет на дискусија на историчарите и експертите, бидејќи секогаш кога ќе се укаже прилика да се злоупотреби, таа се политизира и радикализира, така одиме во маѓепсан круг“.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски