Фуле задоволен од македонските реформи

Од:

Европскиот комесар за проширување Штефан Фуле на денешниот состанок со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и вицепримерот за европски прашања, Теута Арифи го потврдил задоволството од зацртаната европска агенда на македонските власти.

Според Поповски, на средбата со Фуле била спомената и значајноста од тоа што во претстојниот период за време на кипарското претседателствување со Советот на ЕУ, во чии рамки е и утрешниот Совет за стабилизација и асоцијација на Македонија и ЕУ, на кој според Попоски ќе може да се дефинираат сите остварувања што би требало да ја водат Република Македонија кон премин во Втората фаза од Советот и кои би ни ја обезбедиле поддршката кај земјите-членки на ЕУ.

„Ние тука настапуваме со исклучително отворен и конструктивен став, а тоа е дека сакаме да градиме клима во која реално ќе се поддржува процес на Македонија во Унијата. Ние очекуваме дека нашиот јужен сосед ќе ги препознае овие напори и со конструктивна реторика и носење на одлуки кои се концентрирани на заедничките придобивки од напредокот на Македонија во ЕУ, дека може да даде конкретен придонес. И комесарот Фуле очекува дека можеме да ги материјализираме оние остварувања што се значајни за нас, но и за Унијата. Нам ни е целта овој процес да придонесе за градење на подобра клима на Балканот кој би бил целосно интегриран во Европската унија“, рече Поповски.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата