А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фуере: Исфрлањето на новинарите и пратениците е резултат на континуираниот неуспех на Груевски

by А1он01/04/2013 - 17:3505/01/2017 - 10:38172
Share0

Ерван Фуере поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија се огласи со анализа за проширувањето на ЕУ со фокус на Македонија наменета за Центарот за европски полтички студии од Брисел, пренесе НОВА.

Добивај вести на вибер

-Најновите случувања, како и неподготвеноста на владата да промовира дух на компромис, доведоа до натамошна ерозија на основните демократски вредности и стандарди во земјата, како и продлабочување на недовербата во веќе длабоко поделеното општество – вели Ерван Фуере во својата анализа.

Фуере развојот на политичката ситуација го анализра низ призма на инцидентите кои на 24-ти декември и кои, според него, се само кулминација на подолгорочното отсуство на политички дијалог во општеството.

-Присилното исфрлање не само на сите новинари, но исто така и на опозиционите пратеници од Собранието на 24 декември, беше трагичен потсетник за континуираниот неуспех на владата предводена од Груевски, да се вклучи во каков било значаен политички дијалог во текот на изминатите години – пишува Фуере.

Еден од позначајните проблеми според Фуере кои ја оневозможува демократизацијата и развојот е состојбата во сферата на слободата на медиумите. Повикувајќи се на заклучоците не меѓународните организации Фуере вели:

-Пораките од ЕУ, секогаш се искривени од страна на владино контролираните медиуми, додека некои од независните новинари кои не го прифаќаат тоа, се предмет на континуирано заплашување и малтретирање. Ова само по себе е шокантно обвинение за сегашната влада во Македонија – пишува Фуере во анализата посветена на проширувањето на ЕУ со фокус на Македонија.

Тој исто така се осврнува на договорт постигнат во март за надминување на политичката криза, а со посредство на комесарот Филе и европратеникот Ховит. Фуере не е оптимист дека овој договор ќе доведе до стабилизација на политичката сцена на подолг рок.

Анализата во целост прочитајте ја на НОВА.

mediumi

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Горан Наумовски01/06/2025 - 19:08

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Горан Наумовски03/05/2025 - 11:16

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:48

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Катерина Ѓуровски20/03/2025 - 14:28

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on15/03/2025 - 22:2515/03/2025 - 22:25

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ11/03/2025 - 17:0711/03/2025 - 17:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен