Фронтот на народот: Опозицијата ги преставува личните интереси

Од:

Нема да бидеме наблудувачи на дејствијата и во моментот на гласање само да одлучуваме за еден или друг, туку да се обидеме да направиме едно позитивно влијание во секој дом независно за кого ќе гласа или дали припаѓа на некоја опција, беше истакнато на денес одржаната трибина “Актуелните политички случувања и нивната импликација врз општественото живеење”, организирана од страна на граѓанската иницијатива „Фронт на народот, Фронт за Македонија“.

За коментарот на опозиционерите во Македонија „Одиме до крај“, ликовниот уметник и универзитетски професор Јане Бакрески со свој став на трибината.

– Овој тип на политичари очигледно не го претставуваат народот и неговите интереси. Не го почитуваат моето лично право на избор. бараат предвремени парламентарни избори. Ние го дадовме својот глас на редовни парламентарни избори, ја дадовме довербата и јас личн оочекувам да биде реализирана програмата за која сум гласал, кажа Бакрески.

– Оттука моето разочарување за опозицијата која со 42 мандата доби голема доверба од народот и јас очекувам тоа да го изразува со нејзиното делување, но она што се случи користи само за нечии надворешни цели.Пред година и пол имаше избори чиишто резултати ги признаа сите. Тоа е демократски избрана власт. И сега, по година и пол, се измислуваат работи кои што тогаш не беа кажани. Свесни сме дека опозицијата тогаш го призна поразот и треба во таков стил да се однесува и натаму, рече професорката Наумовска.

– Премногу се употребуваат зборови кои внесуваат немир кај народот којшто бара мир и просперитет како и секој друг народ. Пред година и пол имаше избори чиишто резултати ги признаа сите. Тоа е демократски избрана власт. И сега, по година и пол, се измислуваат работи кои што тогаш не беа кажани. Свесни сме дека опозицијата тогаш го призна поразот и треба во таков стил да се однесува и натаму. Не знам за каде прават рејтинг. Здрава опозиција е кога се што има да направи за народот тоа го прави низ демократските институции, истакна Наумовска.

Би можело да ве интересира

Американски експерт: Путин ги повикува државните компании да му најдат платеници за да го одржи фронтот до зима

А1он

Западни извори: Украина ја проби руската линија на фронтот на исток, се приближува до клучниот град

Македонија и состојбата со ЛГБТИ-правата низ призмата на евроинтеграциите

Наум Локоски

Фронт на народот: Еве владејте само не не малтретирајте повеќе

Емир Латифовиќ

Фронтот на народот: Барањето за парламентарни избори оди во полза на Грција

Емир Латифовиќ