Фронтот на народот, Фронт за Македонија: Апсурдно е секоја година да има избори

Од:

Граѓанската иницијатива „Фронтот на народот, Фронт за Македонија“ денеска во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица одржa трибина на тема „Актуелните политички случувања и нивната импликација врз општественото живеење“.

Пред струмичани своите ставови и видувања за целата состојба во државата ги изнесоа истакнати општествени работници, уметници, професори, спортисти и земјоделци кои побараа дејствување на политичките партии во институциите.

Според проф. д-р Виолета Наумовска апсурдно е секоја година или, како што рече, на година и некој месец да се прават избори и тоа во услови кога нема криза во владејачката коалиција.

Тоа е навистина апсурд и непотребно и прави парализа на државата и ги враќа веќе почнатите процеси во неа. Апсурд е секако и да се повикува на избори и да се бараат избори, но и истовремено да се избегнуваат избори. Ако народот е тој што одлучува, народот најблиску се доживува и се случува токму на локалните избори. Тогаш се поставува прашањето зошто се прави се за да се избегнат локалните избори, рече Наумовска.

Академскиот уметник Марјан Камиловски претставувајќи се како уметник на, како што рече, непризнатиот од опозицијата проект „Скопје 2014“, токму во него го гледа спасот за македонските градежни фирми, уметниците и другите учесници од економската криза.
Тој смета дека опозицијата овие денови настапува агресивно, критикувајќи го народот за изборот.

Јован Јаулески од СПУКМ побара враќање на сите партии во Парламентот.

Демократијата пред се подразбира јаки институции, полн капацитет и размена на идеи, искуства и политики внатре во институциите, рече Јаулески.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски