ФРОДЕМ: Да се воведе ред во ВМРО-ДПМНЕ за да престане нејзиното бламирање

Од:

„ФРОДЕМ го оцени формирањето на десет пратенички групи од страна на „личните” пратеници на Груевски и фамилијата (некогашна ВМРО-ДПМНЕ), како груб обид за попречување на парламентарната демократија и уставниот поредок. Во своето претпоследно соопштение ФРОДЕМ најави дека од надлежен суд ќе побара проверка на единственоста на политичкиот субјективитет на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед дека формирањето на 10 пратенички групи е сегментирање на неговиот политички субјективитет.

Тоа во текот на вчерашниот ден ФРОДЕМ го направи, за што во прилог, следи копија од дописот. Во дописот потенциравме дека „согласно позитивните прописи и практика, пратениците на секоја политичка партија која е застапена во Собранието на Р.Македонија можат да се организираат во пратеничка група која ја сочинуваат најмалку петмина пратеници кои припаѓаат на една или повеќе политички партии, при што без исклучок досега клучните политички партии се организирале во една пратеничка група. За да се случат вакви промени, пред се, треба да се извршат статутарни промени со кои ќе се дозволи фракционерството во политичката партија. Сепак, во секој случај апсурдно е десет (10) пратенички групи да можат да бидат парламентарен репрезент на внатрепартиски фракции“.

Во текот на наредната недела ФРОДЕМ ќе се обрати и до Уставниот суд на РМ со иницијатива за проверка на усогласеноста на недемократскиот статут на ВМРО-ДПМНЕ со Уставот и законите во Р. Македонија. Да потсетиме дека тоа е единствен Статут каде претседателот на партијата претседава со седниците на ИК (Извршен комитет), ЦК (централен комитет) и со Годишното Собрание.

Статутот наместо Конгресот го изменува и дополнува ЦК. Членовите на ИКгипредлагаат и гибираатчленовитена ЦК, а токму членовите на ИК се избрани од страна на членовите на ЦК.

Второ, согласно законските прописи: програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии не смеат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и кон разгорување на национална омраза или нетрпеливост. Затоа, проверката која ја бараме од Судот како и од останатите надлежни институции е во поглед и на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, односно дали дејствувањето на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ била насочена кон насилно уривање на уставниот поредок. И трето, дали оваа врхушката со своето досегашно делување создаде тешка национална омраза и нетрпеливост меѓу самите македонци преку нивно делење на патриоти и предавници односно македонци од втор ред, кои поради тоа беа репресирани.

Со оглед дека Зврлевски се уште не е разрешен, односно бедната опструкција на неговата смена сеуште трае, јавно го повикуваме да каже до каде е истрагата околу исфрлањето на новинарите од Собранието на 24 декември 2012. Да потсетиме дека Ад хок анкетната комисија формирана за настанот, кон крајот на август 2013 година, значи во негов мандат, утврди повреда на законите. Ќе има ли одговорност или пак според воспоставената практика повторно ќе се чека кривичните дела да застарат?“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски