Фрлени 85 тони сол на улиците и булеварите во Скопје

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ на критичните места и на булеварите фрлиле 85 тони сол.

Во текот на изминатиот викенд јавните градски претпријатија го расчистуваа и мразот од тротоарите, соопшти денеска прес-службата на Град Скопје, од каде посочуваат дека ја следат состојбата на терен и ќе интервенираат според потребите.

– Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски