Фрлени 80 тони сол на скопските улици

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и во текот на утрово интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници и фрлија околу 80 тони индустриска сол за да се спречи појавата на голомразица.

– Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот. Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот, информира Град Скопје.

Градските власти им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Град Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат на законската обврска и да ги расчистат приодите кон нивните објекти.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски