Фрлени 155 тони сол на скопските улици и булевари

Од:

Вкупно 155 тони сол се фрлени ноќеска (до седум часот утрово) на скопските улици и булевари, особено на критичните места.

Како што соопшти Град Скопје, екипите на Зимската служба се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од улиците и тротоарите.

Градоначалникот Коце Трајановски цела ноќ со Зимската служба беше на терен и ги следеше активностите.

Возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки – на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други т.н. „црни точки“ во градот.

– Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување, наведува Град Скопје и воедно апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски