Фрлени 140 тони сол на скопските улици

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ и денеска до 13 часот фрлија 140 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места.

Екипите на зимската служба, како што информираат од Град Скопје, со возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот во сите скопски општини.

Зимската служба на Градот ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Од Градот Скопје препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Се апелира и до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски