Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово

Од:

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) – Самка Ибраимовски информираше дека била фрлена експлозивна направа во партиски клуб што се наоѓа на улицата Иво Лола Рибар во Тетово.

Во соопштението на ПЦЕР нема информации за повредени луѓе. Се вели дека има голема материјална штета.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека на 21.10.2024 година беше фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР. Искршени се сите прозорци и е направена значителна штета од сето ова. Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и не почит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат“, пишува Ибраимовски во соопштението до медиумите.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Самка Ибраимовски за заканите кон претседателот на Уставен суд

Катерина Ѓуровски

Самка Ибраимовски негира дека се заканувал на судии: Само прашал „што ако настанат убиства“

Ибраимоски: Јас сум Тито за Ромите во Македонија, сите да дадеме поддршка за Јакимовски и „Храбро за Македонија“

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

A1on

Самка Ибраимовски: На претседателските избори ќе настапиме сами

Пратеникот Ибраимовски побара одговори од МВР за инцидентот во Шуто Оризари

Ана Ололовска