Фрицханд: Забраната на Тик-Ток ќе има краткорочен ефект, на децата треба да им се објаснува за да ја разберат причината

Од:

абраната краткорочно ќе даде некаков ефект, меѓутоа дури и властите да се решат на таков чекор, не можеме да останеме на тоа и да мислиме дека сме го решиле проблемот, смета проф. д-р Ана Фрицханд, раководителка на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, во однос на евентуалната забрана или ограничување на употребата на апликацијата Тик-Ток од учениците.

-Не, нема да го решиме проблемот, зашто ќе најдат некоја друга социјална мрежа и друг начин како да пристапат ако веќе сакаат. Затоа што се прилично снаодливи. Посебно кога се работи за адолесценти и предадолесценти, тоа е период кога се бунтуваат против авторитетите, и ако им браните нешто, го прават спротивното за да ви покажат дека може да ја заобиколат вашата забрана, додаде Фрицханд, одговарајќи на новинарско прашање во однос на размислувањето на надлежните институции за рестрикции на апликацијата.

Додаде дека Тик-Ток и социјалните мрежи предизвикуваат сериозна штета од аспект како се користат и за кои цели односно од она се што им е достапно на децата и на младите. Порача дека ако веќе се забранува, што може да даде и добар резултат, веднаш паралелно треба да се работи да разберат зошто е забраната. За да се постигне тоа, нагласи, мора многу да им се објаснува, а тоа бара многу време, вложување, енергија и трпение.

-Мора да им биде јасно зошто не е во ред да се имитираат модели кои се насилни. Треба да се имаат предвид и развојните карактеристики кај деца од 10-12 години. Ним им е многу важно да добијат социјална награда, потврда, колку пати некој лајкнал на тоа што го постирале, тоа е потреба од внимание. Не можеме да очекуваме од нив однесување како кај возрасните, но затоа треба да се воспостави ред, контрола и граници. Потребно е објаснување дека забраната не е зашто сме авторитет туку затоа што има длабока причина за тоа, додаде раководителката на Институтот за психологија која денеска учествуваше на дебатата за врсничко насилство, организирана од Американскиот Универзитет на Европа – ФОН.

Би можело да ве интересира

Најгледано видео на ТикТок во 2023 година

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси познат тиктокер за семејно насилство: Осомничен е дека ја нападнал својата партнерка

ТикТок анестезиологот Дервиши остана без лиценца

Горан Наумовски

Суспендиран од работа анестезиологот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „Тик-Ток“

Горан Наумовски

Осум деца се повредени во опасниот предизвик на TikTok наречен „крвни пари“

Франција го забрани TikTok и други апликации на мобилните телефони на јавните службеници

Ана Ололовска