Француско здружение ќе донира медицинска опрема во Берово

Од:

Француско здружение ќе донира различен вид медицинска и компјутерска опрема и медицински помагала за потребите на Општина Берово.

Ова беше договорено на работната средба која беровскиот градоначалник Звонко Пекевски ја имаше со француска делегација, предводена од Жак Шлеф, претседателот на асоцијацијата “Алма”, од Алзас, Франција.

На средбата, како што информираа од кабинетот на градоначалникот се разговараше за приоритетите на Општина Берово, за актуелни проекти, за продлабочување на меѓународна соработка и посебно за проблемите со кои се соочуваат здравствените работници.

Притоа, како посебен приоритет е истакнато набавката на мамограф, кој е многу потребен за вршење на превентивни прегледи, во Здравствениот дом во Берово.


Претставникот на здружението „Алма”, истакна дека во текот на месец април годинава, од нивна страна ќе бидат донирани повеќе медицински кревети и душези, медицински фотељи и колички како и различен друг вид на медицинска и компјутерска опрема, а по искажаните приоритети, ќе се потрудат да обезбедат и дополнителна опрема, истакнаа од општината.

Градоначалникот Пекевски изрази надеж дека соработката во иднина ќе биде продлабочена и ќе допре и други стратешки интереси, за развој на општина Берово.

“На средбата, исто така, стана збор и за можностите за проширување на соработката и во други области, како размена на ученици и воспоставување на соработка на полето на културата, во чии рамки беше посетено и општинското основно училиште „Дедо Иљо Малешевски”, каде што оваа асоцијација планира да донира книги”, рече Пекевски.

Во рамките на посетата, француската делегација ги посети општинската јавна установа за социјална заштита „Д-р. Иван Влашки”, каде што ќе биде користена дел од донираната опрема и беровскиот здравствен дом каде се сретнаа со раководителите на овие установи.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он