А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Францускиот печат им посвети големо внимание на изборите во Македонија

by А1он12/12/2016 - 12:57111
Share0

Францускиот печат со големо внимание ја проследи завршната фаза од предизборната кампања и изборите во Македонија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Добивај вести на вибер

Изутринава, повеќе веб портали на францускиот дневен и неделен печат, како на пример париски „Ле Монд“, меѓународното француско радио РФИ, неделникот „Нувел Обсе“, насловуваат дека и владеачката партија и опоазицијата, сите прогласија победа по вчерашното гласање. Притоа се пренесуваат изјавите на Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев лидерот на СДСМ, опишувајќи ја славеничката атмосфера во Скопје. Иако ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ; парадоксално опозициската СДСМ славеше на улиците во Скопје, забележува РФИ.

„Евроњуз“ од своја страна изутринава се запрашува „кој победи на изборите“

Според „Нувел Обс“, со оглед дека двете партии се многу блиску според освоените гласови, во секој случај „и едната или другата, ако сакаат да владеат ќе мораат да си пронајдат сојузници, посебно меѓу политичките партии на претставниците на албанското население. Според неделникот, во поповолна улога кај политичките партии на албанското малцинство се наоѓа ДУИ на Али Ахмети.

Претходно, повеќе француски медиуми имаа објавено поопширни репортажи од нивните специјални известувачи за политичката ситуација во Македонија пред изборите и за текот на изборната кампања.

izbori

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто