Францускиот амбасадор задоволен од сработеното на автопатот Демир Капија – Смоквица

Од:

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние е задоволен од сработеното на автопатот Демир Капија – Смоквица и од работата на француската компанија „ЕЖИС“ која беше назначена како надзорен орган за проектот за изградба на оваа автопатска делница.

– Особено сум горд што најголемото француско инжењерско претпријатие беше избрано за надзор. ЕЖИС спроведе извонредна работа која веќе е при крај и која најверојатно ќе има силни економски ефекти врз македонската економија затоа што автопатот ќе значи премин и поврзување од Салцбург до Солун, изјави Тимоние, додавајќи дека станува збор и за трансфер на технологија и знаење.

Одговарајќи на новинарско прашање околу истрагите што ги покрена Грчкото обвинителство за грчкиот изведувач „Актор“ кој работеше на оваа автопатска делница, францускиот амбасадор одговори дека за нив она што е најважно е работата на француската компанија ЕЖИС.

– Таа е надлежна за квалитетот на материјалите, како надзор. Под кои услови бил потпишан договорот, тоа воопшто не е во моја надлежност. Она што мене ми се допаѓа е да видам на лице место ваква извонредна работа која е спроведена. Оставам правдата да си ја врши својата работа, рече амбасадорот Тимоние.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози