Францускиот амбасадор Тимоние во посета на Куманово

Од:

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние денеска беше во посета на Куманово каде оствари средба со кумановскиот градоначалник, а ја посети и гимназијата „Гоце Делчев“ каде функционираат билингвални паралелки на француски и македонски јазик.

По средбата, градоначалникот Зоран Дамјановски и францускиот амбасадор Тимоние истакнаа дека разговарале за состојбите во Македонија на локално ниво и за односите меѓу различните заедници во Куманово.

Амбасадорот Тимоние изјави дека функционирањето на локалните власти е многу важно и повика поскоро да се разреши политичката криза, бидејќи, како што посочи, се работи за голема одговорност и би требало да им се овозможи на локалните власти да функционираат без проблем.

– Сето тоа треба да оди во насока да се разреши оваа криза и јас навистина сум оптимист дека тоа ќе се случи, рече Тимоние.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда