Француски орден за Илинка Митрева

Од:

Заради особени заслуги во развојот на односите меѓу Франција и Македонија, Илинка Митрева ќе биде одликувана со орден „Офицер на Националниот ред за заслуги“ на Република Франција. Орденот ќе и го врачи францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, во име на претседателот на Република Франција.

– Госпоѓата Илинка Митрева, професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и поранешен министер за надворешни работи, го добива ова значајно француско одликување за нејзините особени заслуги во развојот на односите меѓу Македонија и Франција, во приближувањето на францускиот јазик и книжевност кај младите генерации. Високо се вреднува и нејзиниот ангажман во промовирањето на Франкофонијата и на европските вредности во Македонија, се вели во орбазложението за доделувањето на орденот.

Орденот за Национални заслуги на Франција, воспоставен во 1963 година од страна на генералот Де Гол, е едно од најпрестижните француски одликувања. Со него се наградуваат воени или цивилни лица, Французи или странци, коишто имаат особени заслуги за Република Франција. Одликувањето се доделува со указ на претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија