Француски гимназијалци во седумдневна посета на кумановската гимназија „Гоце Делчев“

Од:

Група ученици и професори од средното гимназиско училиште „Вал Д `Оти“ од Дулен од Франција се во седумдневна посета на кумановската гимназија „Гоце Делчев“. Учениците и наставниците ќе разменат искуства, ќе се запознаат со културата, фолклорот и традицијата на народите од двете држави. Соработката меѓу двете училишта трае веќе пет години. Сите активности се реалзиираат во рамки на проектот „Традиционална песна и музика во Македонија“.
– Со оглед на тоа дека проектот трае веќе пет години и се реализира на различни содржини кои практично се одржини од културното дејствување на двете држави главната цел е зближување на младите, доближување на нивните реалности, сегашности, и нормално планирање на заедничка иднина во која тие ќе се препознаат по своите сличности, изјави Штефица Ујчиќ, координатор на проектот и професор по физика во кумановската гимназија.

Во гимназијата „Гоце Делчев” од 2000 година функционира франкофонска билингвална паралелка која предметите ги изучува на француски јазик, а францускиот Институт и Амбасадата на Франција во РМ ја поддржуваат оваа размена на ученици,што освен туристичка размена овозможува и соработка преку проекти.

– Основна цел на овој проект е да им дозволиме на учениците да откријат други земји, да го откријат општеството, како изгледа социјалната поставеност на општеството, здравствениот систем и сите други односи што се воспоставуваат во дадено општество. Меѓутоа, во исто време учениците да откријат и нови начини за заедничка европска иднина. Веќе пет години соработуваме на различни теми, оваа година тоа е тема од фолклорот на двете држави, соработувавме порано на теми од здравствените системи итн. Ова трае пет години меѓу нашите две училишта, се надеваме дека ќе продолжи во иста насока, изјави Изабел Лефевра , од гимназијата во Дулен, Франција.

Во училиштето „Вал Д`Оти” настава посетуваат приближно ист број ученици со кумановската гимназија, околу 1000. Следната активност во рамки на меѓународната соработка меѓу двете училишта ќе биде посета на кумановските ученици на гимназијата во Дулен.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони