Франција носи постојан експерт во Секретаријатот за поддршка на европските интеграции

Од:

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со францускиот амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние.

Османи, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил задоволство од досегашната работа и помош која ја обезбеди присуството во Секретаријатот за европски прашања на францускиот експерт за европски прашања, Бертранд Милет, кому му истекува мандатот.

– Иако сме свесни дека изминативе две години Бертранд работеше во услови на длабока политичка криза во Македонија, сепак неговиот ангажман имаше важна улога во градењето на капацитетот на Секретаријатот, истакнал Османи на средбата.

Францускиот амбасадор изразил задоволство од успешната соработка на Секретаријатот со францускиот експерт и најавил дека со завршувањето на мандатот на Бертранд Милет, Франција ќе обезбеди присуство на нов експерт за европски прашања, што претставува директна политичка поддршка од страна на Франција.

Новиот експерт, како што е наведено во соопштението, ќе биде ангажиран целосно и ќе бидат направени сите подготовки на линија на препораките од извештајот на Бертранд, со цел, Македонија полесно и поефикасно да се посвети на предизвиците кои стојат на патот на приближувањето на земјата до Европската унија.

Османи и Тимоние разговарале за новата политичка клима во Република Македонија и посветеноста на новата Влада кон европскиот пат.

Двајцата соговорници изразиле задоволство од досегашната соработка и се согласиле дека добрите односите меѓу Република Македонија и Република Франција мора да продолжат и во иднина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски