Франц Порзсолт: Плаќањето по учинок е катастрофа од проект

Од:

Моделот плаќање по учинок има повеќе штети отколку корист- докторите наместо тимска работа со моделот се наведуваат да станат непријатели и да се изолираат.Проектот е катастрофа, ако не се напушти, лекарите ќе заминат од јавното здравство , а се ќе е на штета на пацинетите, кои ќе мора да одат во приватното здравство или во странство каде што ќе плаќаат.

Реформите не може да се спроведуваат, ако не се прашаат тие на кои се однесуваат тие реформи, во случајот на докторите, на кои сега им се крати и така ниската плата, а со тоа се создава незадоволство. Еден таков лекар, кој е оптеретен со личните примања и својата егзистенција, не може целосно да им се посвети на пацинетите.

Ова се размислувањата на експертите изнесени на Хелтгрупер меѓународниот Самит „Плаќање по учинок-Кој добива, Кој губи“, во организација на Фондацијата Отворено Општество Скопје.

Хелтгрупер како интернет сервис за комункиации помеѓу докторите, ги презентираше ставовите на најповиканите за плаќањето по учинок. Доктор Владимир Лазаревиќ рече дека во истражувањето биле вклучени речиси сите лекари опфатени со платата по учинок.

„Не треба да сте научник за да сфатите дека ваквиот вид реформи има направено хаос во јавното здравство“, рече тој.

Според истражувањето, 95 проценти од лекарите сметаат дека проектот не е фер, и не го вреднува реално трудот, 85 проценти сметаат дека се одразува негативно на тимската работа и дека се нарушени меѓусебните односи. 61 процент сметаат дека негативно се одразува врз пациентите.

Доктор Владимир Лазаревиќ од Институтот за социјална медицина рече дека Министерството за здрваство треба да знае однапред што е успехот во овој проект, за да знае дали е постигнат ефектот? Дали имаат мерливи показатели? Според него единствен добитник од овој проект е приватното здрвавство, а во јавното само се постигнува нетрпеливост меѓу лекарите и ништо позитивно за пацинетите.

Франц Порзсолт од Универзитеот Урл смета дека плаќањето по учинок е катастрофа од проект кој претходно пред многу години бил спроведуван во многу здравствени системи.

„Учинокот е неупсшен проект, постојат и други проекти кои можат да придонесат за подобро здравство“, рече тој. Според него, колку и да изгледа убаво и колку и да се применува во светската пракса, нема реален бенефит од плаќањето по учинок, туку само странични ефекти.

Според Кристијан Лако од Радбоуд Универзитетот во Холандија многу е важно да се вклучат докторите во овој процес. Тој рече дека различни се резултаите во светот од спроведувањето на овој проект, во зависност од која гледна точка се анализираат.

Сепак главното е дека има многу негативни ефекти, а решението треба да се бара за подобар здравствен систем по паролата „ Создавајте поголем квалитет, а не квантитет“. Според анкетата која била направена меѓу матичните лекари во Амстердам за овој проект, резултатите биле разочарувачки.

Дончо Донев од Институтот за социјална медицина рече дека идејата е стара, но праша дали ги постигнува ефектите за кои се спроведува?

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски