ФОТО: Прилепчани со свирежи против продажбата на месните домови

Од:

Прилепчани денеска го изразија својот револт против продажбата на месните домови.

Празниот политички памфлет, т.н. отчет на градоначалникот, велат, е уште еден доказ,дека Марјан Ристески комплетно кренал раце од проблемите со кои се соочуваат младите во Општина Прилеп.

Затоа денес, со пароли на неколку раскрсници во градот, ги повикаа   сограѓаните  со своите возила да „свирнат против продажбата на месните домови“и да ја исвиркаат одлуката на Марјан Ристески да ги продаде истите.

„Се надеваме дека звукот, како револт на граѓаните против оваа одлука, ќе стигне до ушите на градоначалникот, и ќе ја запре оваа предизборна распродажба на општинскиот имот“, рече Валентин Божиноски, претседател на ЛК СДММ Прилеп .

Бараат од градоначалникот:

• Домот на месната заедница Варош, наместо за партиски штабна ДПМНЕ, да се пренамени во Детски Креативен Центар.
• Месниот дом во Гоце Делчев, кај бивша солидност, да се пренамени во Младински Културен Центар
• Додека домот Спиро Забрчанец да биде пренаменет во Младински Технички Центар

„Гoсподине Ристески, барем еднаш покажете доблест, за прв пат во 8 години, и прифатете ги овие конкретни предлози.Вашето скапо и луксузно печатено издание т.н. отчет, покажа дека немате ниту еден проект за намалување на рекордната невработеност, ниту едно решение за нови работни места и задржување на младите во градот.Градоначалниче, иднината на младите е во прашање“, рече Божиноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он