Фотомонтажите на Османи: Сакаше да биде сам со папата, но испадна со три уши

Од:

Вицепремиерот Бујар Османи, сакајќи да ја претстави едногодишнината од посетата на папата Франциско во Скопје, на својот твитер-профил објави фотографија како се поздравува со папата.

И сето тоа беше во ред сè додека твитерџиите не ја пронајдоа оригиналната фотографија, на која се гледа дека Османи всушност не бил сам додека се ракувал со папата.

Очигледно е дека вицепремиерот интервенирал на оригиналната фотографија и ги избришал сите луѓе околу него, за да изгледа дека е всушност сам со папата при ракувањето.

Не треба да бидете аматер за да ја видите лошо направената фотомонтажа на Османи. Фотографијата е сечена нестручно, до тој степен што на главата на вицепремиерот останало неисечено и увото на еден од присутните, па фотографијата станува уште покомична со тоа што на темето на Османи се гледа трето уво.

На социјалните мрежи денеска врие од коментари и исмевања за лошо направената монтажа на Османи и папата.

Се прават нови лошо изработени монтажи од вицепремиерот фотографиран со познати холивудски ѕвезди, а дел од граѓаните повикуваат Османи да се запише на курс за фотошоп, за во иднина да нема вакви лапсуси.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија