(ФОТО) Жерновски: Тодоровиќ по 4 години власт се однесува како да се кандидира за прв мандат

Од:

Денеска кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски се сретна и разговараше за проблемите на граѓаните од населба Крњево.

Тој истакна дека во неговиот 4 годишен мандат сака да изгради убав и искрен однос каде решенијата ќе се носат во согласност со потребите на граѓаните.

Беше дискутирано за новиот урбанистички план во Крњево кој е донесен без никаква консултација со граѓаните кои живеат таму. Жерновски за неговиот против кандидат Тодоровиќ кажа дека 4 години човекот е на власт а сега доаѓа и ветува легализација на дивоградбите, небаре се кандидира за прв мандат.

„Крњево е еден од најдобрите примери за добри меѓуетнички односи. Од кај Тодоровиќ велат: Губиме ама ќе ги купиме гласовите од Крњево. Не смееме да го продадеме гласот па 4 години да патиме. Два дена пред избори доаѓаат ветуваат подземни булевари и легализација на дивоградбите. Каде беа до сега? Понеделник ќе биде почетокот на нашата соработка“, рече Жерновски.

krnjevo krnjevo-2 krnjevo-3 krnjevo-4

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија