Револтирани кумановци, и Македонци и Албанци, народ од сите националности, одржаа протест пред општинската зграда.
Револтирани се бидејќи, како што велат, власта со полициски методи се обидува на нелегален начин да ја оспори победата на градоначалникот Зоран Дамјановски.
„Не си играјте со оган во Куманово“ „Не ги чепкајте гласовите на Албанците“, „Патот за Европа води низ Куманово“, ова се транспарентите кои како порака и беа упатени на ВМРО-ДПМНЕ, институциите и полицијата.
Забележливи беа и врзани македонски и албански знамиња.