ФОТО: Засилена полициска контрола пред речиси секое избирачко место во Кочани

Од:

Во Кочани речиси пред секое избирачко место може да се забележат по неколку униформирани лица и по еден полициски автомобил. Униформираните лица постојано им приоѓаат на граѓаните што се приближуваат кон избирачките места.

Засиленото полициско присуство е највидливо кај избирачкото место 846, кое се наоѓа во комплексот „АСНОМ“, кој е во непосредна близина на Ромското маало. На само десетина метри од влезот во избирачкото место беа паркирани три полициски автомобили, едно возило на специјалната единица „Алфи“ и беа присутни над десетина униформирани лице.

IMG_0520

Сите автомобили што поминуваа во овој регион беа сопирани и легитимирани. На прашањето упатено до униформираните лица која е причината за зголемениот број на полициска контрола пред ова место, добивме одговор дека станува збор само за рутинска контрола.

М. Р.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар