ФОТО: Запалениот автомобил на охридските разбојници

Од:

Утрово околу 08:00 часот на улицата „Дејан војвода” во Охрид четири лица извршиле разбојништво врз сопственик на менувачница, при што му ја одзеле торбата во која имало 120.000 илјади евра.

Како што соопшти полицијата, разбојниците се движеле со патничко возило „Фолксфаген-џета” со кичевски таблици и директно го удриле и повредиле 48-годишниот сопственик на менувачница од Охрид по што еден од нив, излегол и од повредениот одзел една платнена ташна во која имало 120.000 евра.

Разбојниците веднаш потоа, со истото возило се упатиле кон излезот на Охрид, кон магистралниот пат Охрид-Кичево. Повредениот е префрлен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.

Автомобилот со кој се возеле, за да ги сокријат трагите го запалиле на потегот меѓу селата Требеништа и Мешеишта.

ФОТО: Канал 5

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи