ФОТО: Заев се сретна со новоименуваниот амбасадор на Велика Британија

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Зоран Заев, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Велика Британија, Чарлс Едмунд Гарет.

Претседателот Заев му посака добредојде на амбасадорот Гарет во Македонија и нагласи дека за државава, Велика Британија е голем пријател и важен сојузник во евро – интеграцискиот процес на земјата.

Иднината на Република Македонија е во Европската унија, рече претседателот Заев.
На средбата стана збор за демократските процеси во Република Македонија.

Претседателот на СДСМ рече дека на спроведените двојни избори во Македонија беше загрозена слободата на избор на граѓаните, што е нивно демократски право и посочи на големиот број примери на системската контрола и притисоци од страна на власта.

Поисоветувањето на партијата со државата, поткупи, закани, необјективноста на медиумите и нефункционирањето на институциите, што се и дел од забелешките на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, се меѓу причините зошто Социјалдемократскиот сојуз одлучи да ги врати мандатите и да не го признае изборниот процес, рече претседателот Зоран Заев.

На средбата помеѓу претседателот Заев и британскиот амбасадор Гарет се разговараше и за актуелната политичка ситуација во Република Македонија.

Z.Zaev ,

Z.Zaev ,,

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски