ФОТО: Заев разговараше со Лаѕарото за случајот со прислушувањето

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска остварија средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лаѕарото.

На средбата се разговараше за загрозените слободи и права на граѓаните во земјата, за отсуството на правната држава, за нефункционалноста на државните институции.

– Последен аргумент за тоа се само мал дел од доказите што ги поседуваме и ги дадовме вчера на увид на јавноста, дека над 20.000 граѓани во Македонија биле прислушувани за само неколку години, со наредба на премиерот Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Нема поголема потврда за тоа дека една власт е недемократска од тоа што го прави власта на Груевски, влегувајки во приватиот и професионалниот живот на граѓаните и кршејки ги елементарните човекови права, посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Од тие причини, СДСМ започна со проектот Вистината за Македонија, којшто има единствена цел, враќање на слободата и демократијата во државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?