А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Заев од Куманово: Груевски ја исцица душата на Македонија

by А1он21/04/2014 - 23:0122/04/2014 - 12:3271
Share0

„Сите во Македонија знаат дека не ни чинат работите. Дека основоположник и креатор на криминалната мрежа, која што ја исцица душата на оваа наша Македонија е Никола Груевски. Овие денови тоа и го покажавме на целата македонска јавност. Ако некој имаше дилеми, сега виде до каде е забегана оваа власт. Под превезот на патриотизмот колку штета има нанесно“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Куманово.

Добивај вести на вибер

Тој нагласи дека Македонија не е Северна Кореја, Азија, Јужна Америка или Африка, туку држава со кандидатски статус, каде што важат регулативите на Европската унија и каде што се одговара за криминал.

sds (9)

-Груевски ќе одговара и го повикуваме да ги крене своите валкани раце од оваа наша земја. Најголем доказ дека е фатен во криминал, е тоа што забрани на сите медиуми, кои што се под негова контрола, да ја емитуваат аудио снимката каде што договара кеш од неколку милиони евра, за свои лични интереси, со што избегнува данок и прави даночно затајување, за кое според законите се одговора најмалку со четири години затвор-истакна Заев.

sds (7)

Претседателот на СДСМ од Куманово јавно ги праша сите вработени во јавната администрација, земјоделците и примателите на социјална помош до кога мислат да го трпат притисокот, заканите и уцените од Власта.

sds (6)

-Резултат на оваа арамиска влада денеска е заминување на 440.000 пред се млади луѓе од државата, задолженост со преку 50 проценти од БДП, над 70 проценти сиромаштија. Нема кој друг да дојде од надвор и да го спречи пропаѓањето на нашата земја, туку само граѓаните на Македонија-истакна Заев. Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски наведе дека и покрај сите притисоци и закани, во вториот изборен круг мора да извојуваат победа, затоа што според него на Македонија и се заканува пропаст.

-Власта организираше тежок изборен фалсификат. Од слободна проценка од 80 до 100.000 гласови ни беа украдени, кои реално требаше да бидат на нашето конто. Тоа го тврди и набљудувачката мисија на ОБСЕ. Македонија во изминативе 14 години, никогаш немала полош извештај на мониторинг мисијата. Во која што се вели дека ние сме биле обесправени, изолирани и маринализирани како опозиција, додека другата страна била фаворизирана и ги држела сите државни ресурси –
истакна тој.

sds (4)

Пендаровски им се обрати и на граѓаните од албанска националност и ги повика во вториот круг да излезат на гласање, да го искористат своето право, без оглед за која партија ќе се одлучат.

sds (8)

Шилегов: Јанкуловска излези на мегдан за да се разбереме

Носителот на листата за пратеници на СДСМ, во втората изборна единица, Петре Шилегов, порача дека на Македонија и е потребен нов почеток, поради што јавно и се обрати на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и ја повика на дуел.

sds (3)

-Овде од Куманово јавно повикувам. Излези Гордана Јанкуловска, клекни на колена, замоли ги твоите шефови. Излези еднаш на мегдан и овде да се разбереме, како се почитуваат Уставот и законите во нашата држава, па ќе зборуваме и за Петре Шилегов и за неговиот имот, но и за твоите станови, Визарис, Актор, како и за кешот на твојот шеф. Излези ако имаш три чисти по осум години владеење да се соочиш со народот – повика Шилегов.

Е.Г.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 16:24

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 13:04

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 13:02

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 15:57

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 13:00

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

Горан Наумовски04/07/2025 - 18:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен