(ВИДЕО) Заев: Да го делегитимираме Груевски в недела

Од:

Ја имам честа на 23-тиот роденден на Социјадемократскиот сојуз на Македонија да зборувам за слободата, еднаквоста и правдата. Тоа е СДСМ. Денеска, во нашата земја за жал нема ни слобода, ни еднаквост, ни правда. Ние, граѓаните на Република Македонија не ги уживаме своите права загарантирани со Уставот, рече претседателотна СДСМ, Зоран Заев, на средбата со жителите на Кратово.

Тој им се заблагодари што и покрај дождот дојдоа во голем број да го слушнат и да го поддржат во концептот за Промени.

-Благодарение на вас, јас сум непоправлив оптимист. Сите заедно да опстоиме храбро на браникот на вистината и на правдата за да на крајот од оваа битка сите да се гордееме. Крајот на диктаторот се гледа. Пред вистината и доказите Груевски продолжува да лаже. Наша задача е да го демаскираме Никола Груевски, а на изборите на 27-ми април да го делегитимираме, затоа што Македонија не е негова приватна компанија, повика Заев во Кратово.

Жителите на Кратово зборуваа за комуналните и егзистенцијални проблеми со кои се соочуваат во 21-от век. Тие сакаа да говорат и за претседателот на државата. Велат дека актуелниот претседател ниту еднаш не застанал на страната на обесправените и беспомошните.

Тој никогаш не беше на наша страна, затоа што не е наш претседател, тој е претседател на Владата на Груевски, беше еден од коментарите од присутните на средбата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во моментов е на собир со граѓани во Крива Паланка.

6

5

4

3

2

1

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски