ФОТО: Во Струга продолжи рушењето на диво поставените објекти и настрешници

Од:

Откако пред две недели беа целосно отстранети објектите кои беа поставени од двете страни покрај Кејот на реката Црни Дрим, деновиве се отстранети дел од металните конструкции кои претходно на диво беа поставени на локациите познати како Пливалиште и Галеб.

Со ова продолжуваат активностите на градските власти во Струга за ослободување на јавните површини од диво изградените и поставени објекти. Од општината велат дека компромис нема да им кон никого.

stru (1)

Ако сопствениците сами не ги остранат претходно поставените објекти тогаш тоа ќе го прави специјализирана фирма но трошоците ќе бидат на грбот на сопствениците.

Неофицијално и на сопствениците на плажи во Струга им ил даден налог да ги ослобододат плажите од се што е диво, и да не се наплажаат лежалки. Струшкиот градоначалник Зијадин Села на неколку пати најави дека е решен да стави крај на урбаното дивеење во градот, и оти ниту една закана нема да го попречи да ги реализира ветувањата кои ги дал кон стружани

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски