ФОТО: Влатко Васиљ со жесток одговор до Јанкулоска!

Од:

Фејсбук статусот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска каде го обвини Жерновски за поразите на македонските кошаркари побуди многу коментари и во најголемиот дел критики. Еден од коментарите беше на Влатко Васиљ, кој со своите статуси, твитови и коментари има голема популарност на социјалните мрежи.

„Какви се овие коментари, срамно е, пред се. А после тоа подло, многу подло. Како прво не ви личи на институцијата што ја преставувате, а како второ на личноста како вас што го држи едно од највлијателните министерста во Македонија и личност која игра важна улога во креирање на политиките во Македонија. Покажете малку сериозност и единство, а не туку да ми бележите некои „кривци“ за туѓи неуспеси. Што да кажеме ние цела Македонија што сме малери што вие не водите? Што да кажеме на тоа дека од кога вие ги пречекавте на аеродром и се возевте со нив? Тоа нели е малер? Доста со овие ниски удари кои будат само негативни коментари. Кај ви е единството за кое се борите и упорно тврдите дека го ширите? Ужасно од ваша страна“, напиша Васиљ.

992212_10201661524677121_128215791_n

Неговиот коментар е на врвот на страната со 170 лајкови од останатите корисници. Ова беше причина министерката Јанкулоска да му врати.

„Почитуван Влатко Васиљ, ова е моја страница, а не на институцијата со која раководам. Ставовите на МВР се на: http://www.mvr.gov.mk/. Добро е кога политичарите работат транспарентно и јавноста знае каде се и што прават. Но кога проблемите за кои се одговорни да ги решаваат се мултиплицитраат наместо да се намалува нивниот број, а за граѓаните и нивните потреби се нема слух и тие молејќи за помош и разбирање треба да бидат трпеливи додека некој се врати од летување, викенд или прошетка, тогаш секој коментар е легитимен. Ајде вечер сите да навиваме за Македонија но и да си ја завршиме работата за која сме одговорни. Поддршка за нашите кошаркари, да живее Македонија!“, напиша Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници