ВИДЕО: Талат Џафери на средба со грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кој е во дводневна посета на Република Македонија.

Коѕијас пред оваа посета на Собранието на РМ, оствари одвоени средби со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и премиерот на РМ, Зоран Заев.

Коѕијас на средбите со Заев и Димитров изрази задоволство од досегашниот напредок во решавање на спорот со името. Конкретно на оваа тема двајцата министри за надворешни работи ќе расправаат на 30 март во Виена каде ќе остварат заедничка средба со медијаторот Метју Нимиц кој од двата нацрт предлози на Грција и Македонија за името треба да направи еден, прифатлив за двете страни.

По завршувањето на средбата со Џафери, грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети со цел да ги информира за процесот на решавање на спорот со името помеѓу двете земји.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он