ФОТО: Струга поцрвене од албанските знамиња

Од:

Струга поцрвене од албанските знамиња кои ги има речиси низ целиот град.Амбиентот во струшката чаршија наликува како да сте во Тирана, а не во Струга.

На предната страна од трговскиот центар Цома Мол е поставено поголемо албанско знаме, а по должината на чаршијата речиси на сите кафе барови, слаткарници и угостителски објекти кои се во сопственост на Албанци се поставени помали или поголеми албански знамиња.

Низ чаршијата се слушаат само албански песни што само ја надолполнува атмосферата. Албански знамиња можат да се забележат и закачени на многу куќи и згради кои се во фаза на изградба.

[nggallery id=74]

Низ градот се поставени и неколку билборди на кои е поставено знамето на Албанија. Дел од коментарите на стружани и оние од албанска националност се дека сето ова што се прави е само за еднократна употреба пред локалните избори, иако оној што го почитува албанското знаме го почитува од секогаш.

Денес во Струга не работеа  и локалните  Јавни претпријатија, а со низа свечености кои се одржаа во градот , училиштата и во селските средини.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски