ВИДЕО: Стравотна глетка утринава на местото на автобуската несреќа

Од:

Расфрлани лични работи од патниците, торби, куфери, траги од крв и делови од автобусот е само дел од она што утринава може да се забележи на местото каде што вчера се случи автобуската несреќа во која животот го загубија 14 патници, а седуммина се борат за живот.

Искршената банкина на автопатот сведочи за трагичната несреќа која се случи вчера околу 17 часот, кога патничкиот автобус на „Дурмо турс“ преминал во друга коловозна лента, излетал на регионалниот пат, а потоа завршил во ендек.

Причините за несреќата се уште не се познати.

На местото на несреќата има бројни полициски екипи, а се очекува во текот на денот автобусот да биде извлечен, откако ќе заврши увидот.

Автопатот Тетово – Скопје е блокиран на клучката за влез во селото Ласкарци, бидејќи се уште трае увидот на местото на несреќата.

Во 12 часот во општина Гостивар ќе се одржи комеморативна седница по повод трагичниот настан.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево